Золива Лтд.

Вие сте тука: Почетна » За Нас
Петок, 14 Дек 2018
Е-пошта

Золива Лтд. е основана во 2008 година и полека но сигурно се пробива на домашниот и странскиот пазар со продажба на Кралските Маслинки кои се единствени брендирани македонски маслинки.

Нашиот капацитет на самиот старт беше 100 тона годишно а истиот секоја година го зголемуваме за 50 нови тони маслинка којашто ја пласираме на домашниот како и на странскиот пазар за да во 2011 стигнеме до капацитет од преку 300 тони маслинка којашто ја пласираме на македонскиот пазар. Со продажбата на овие 300 тони маслинка Золива Лтд. осигура 20% од вкупниот пазар на маслинки во Македонија полека прераснувајки во бренд кој многу луге почнуваат да го препознаваат и ценат поради неговиот стандардизиран вкус и квалитет.

На 14 Октомври 2013 година завршија сите подготовки и официјално се преселивме во нов производен погон во Скопје кој има капацитет од 1000 тони маслинка годишно и ни овозможува да го прошириме нашиот асортиман на маслинки со сецкани, сушени и полнети маслинки како и многу други специјалитети на маслинки кои ги подготвуваме по нарачка за многу реномирани домашни и странски клиенти.

Дојранската Маслинка се одгледува во Дојранскиот регион веќе 30 години но малите количини како и неорганизираниот откуп на истата не овозможиле овој производ да се пробие на домашниот пазар. Моментално во Македонија има 50.000 дрва на маслинка коишто имаат потенцијал да дадат 200 тони сурова маслинка. Има многу најави за големи инвестиции од Египед, од Грција како и од Турција за подигање на насади со маслинки. Нашата цел е преку сигурни договори и откуп на целокупната берба на маслинки од Дојранскиот регион да поттикнеме нови насади и да ја зголемиме довербата во локалното население.

Нашиот основен производ Дојранската Кралска Маслинка потекнува од старите Дојрански рецепти за ферментација на маслинка кои успеавме да ги прилагодиме кон новите стандарди за преработка. Ова за нас беше само почеток затоашто набрзо почнавме да ја прошируваме нашата палета на производи. Во 2009 година на пазарот ја пласиравме Золива Блонд маслинката која беше бленд на Дојранската и Грчката технологија за производство и се одликуваше со жолтеникава боја. Во 2010 година успеавме да ја претставиме шпанско/калифорниската технологија на домашниот пазар преку Золива Специјалната маслинка којашто е понесолена, потврда и посна маслинка. Во 2011 година успеавме да ја произведеме и познатата Каламата маслинка којашто како суровина ја зимаме од Пелопонез и ја произведуваме по Грчко/Италијанска технологија за да го добие својот специфичен вкус. Во 2012 година видовме дека има големо побарување на маслинка во пекарската индустрија такада успеавме да ја создадеме Золива Сецканата Маслинка којашто е мешавина на маслинки од сортата Каламон и Амфиса, без семка и киселкаст вкус. Во 2013 година почнавме со производство на Золива сушена маслинка којашто го најде
своето место на пазарот како зачин во многу специјалитети.

Согледувајки ги промените на пазарот во текот на 2012 година дојдовме до заклучок дека новите стандарди за квалитет бараат од нас да направиме мало 500гр. пакување за да може полесно и посигурно маслинката да се продава и чува. Во мало 500гр. пакување од 01.05.2012 година моежете да ги најдете сите наши производи во најголем број од маркетите низ државата.

Золива во 2011 година полека почна да се пробива на пазарите во Косово и Србија со тоа што планира во наредниот период да се посвети на целосно покривање на тој пазар со Золива Македонски Маслинки.

Нашите планови за наредниод период вклучуваат проширување на новиот Преработувачки центар со линија за пастеризација за да го продолжиме рокот на траење на маслинката и проширување на моменталните капацитети за работа со нови вработувања како и со нови машини за преработка и пробивање на нашето ново 500гр. пакување во секој дом. Истотака планираме до крајот на 2013 година да финализираме уште неколку потенцијални производи како што се Золива Маслинка со Бадеми и Паштета од Маслинка коишто најверојатно ке ги пласираме преку некоја од конзервните фабрики во Македонија.