Золива Лтд.

Вие сте тука: Почетна » Вести
Петок, 16 Ное 2018

Золива акредитирана во GS1 системот

Е-пошта

гс1

Золива стана дел од семејството на Акредитирани членки во GS1 системот.

Оваа сертифицирана акредитација е доказ за бонитетот на фирмата во Меѓународниот GS1 систем и правилната имплементација на стандардите на GS1 системот во сите негови сегменти.

Ново 500гр. пакување

Е-пошта

500gr pakuvanje

По ваше барање Золива напорно работеше за да направи ново 500гр. пакување на своите производи.

Од 01.05.2012 овој производ може да го најдете во најголем број од маркетите низ Македонија. Маслинката не е преработена на никаков начин такада го задржува истиот вкус а можете да ја чувате во вашиот фрижидер скоро една година без никакви проблеми се додека е затворена. Доколку сакате да ја чувате подолг период тогаш ви препорачуваме откако ке ја отворите да ја дополните со вода и да додадете една лажица сол за да откако ке го затворите капакот не остане воздух кој може да предизвика проблеми.

Дополнително за прв пат во малопродажба ја пуштаме нашата Сецкана Золива Маслинка која до сега најчесто можевте да ја вкусите во лебот со маслинки на многу пекари како и во многу пици со маслинки. Сега за прв пат истата можете да ја купите во локалните маркети по многу привлечна цена. Уникатниот рецепт кој му дава посебен вкус на лебот ке морате сами да го пробате.

Соновник за Маслинка

Е-пошта

SonoviКоја е поврзаноста помеѓу напите Дојрански Маслинки и вашите соништа:

Маслиново Масло

Ако сонувате Маслиново Масло тоа значи дека имате желба работите во вашиот да се движат многу полесно. Најверојатно ви е потребно да подмачкате некои аспекти на вашиот живот за да поминете без проблеми. Од друга страна истото може да значи дека имате желба да покажете повеќе љубов и разбирање во вашиот живот.

Маслинки

Да видите маслинки во вашите соништа најчесто симболизира бессмртност или моќ да ги надминете сите ваши проблеми. Гранка со маслинки најчесто симболизира помирување, мир и надеж. Да видите или да носите круна од маслинови ливчиња значи дека ќе имате сила да ги преминете сите препреки и ќе најдете решение за вашите проблеми.


- Стебло на Маслинка : среќа, добивка, љубовна авантура

- да јадеш Маслинки : непријатни љубовни игри

Страница 2 од 4