Золива Лтд.

Вие сте тука: Почетна » Вести » Нов погон за преработка на Маслинки
Петок, 16 Ное 2018

Нов погон за преработка на Маслинки

Е-пошта

Чест ни е да ви соопштиме дека на нашиот петти роденден, на 14 Октомври официјално го отворивме новиот погон за откуп и преработка на Македонски маслинки во Скопје кој ги задоволува сите стандарди за откуп и преработка на маслинки и е со капацитет од 1000 тони маслинка годишно.

Овој нов погон ни овозможи да го зголемиме обемот на откуп и преработка на Золива маслинките како и да одговориме на новата побарувачка на сецкана и сушена маслинка како и на полнетите маслинки.

Во овој погон има посебна линија за сушење на маслинки кои што почнуваат многу да се бараат на домашниот и странскиот пазар а кои најчесто се користат како зачини во многу јадења.

Истотака го зголемивме производството на сецкана маслинка којашто полека станува незаменлив дел во сите бели пецива, пици и салати во Македонија.

Не ги заборавивме и стандардните Кралски, Блонд и Каламата маслинки. Сите тие добија линија за попрецизно сортирање, пакување и ферментирање како и линија со поголем капацитет.

Погледнете ја галеријата од нашиот нов погон...