Золива Лтд.

Вие сте тука: Почетна » Вести » Ново 500гр. пакување
Петок, 16 Ное 2018

Ново 500гр. пакување

Е-пошта

500gr pakuvanje

По ваше барање Золива напорно работеше за да направи ново 500гр. пакување на своите производи.

Од 01.05.2012 овој производ може да го најдете во најголем број од маркетите низ Македонија. Маслинката не е преработена на никаков начин такада го задржува истиот вкус а можете да ја чувате во вашиот фрижидер скоро една година без никакви проблеми се додека е затворена. Доколку сакате да ја чувате подолг период тогаш ви препорачуваме откако ке ја отворите да ја дополните со вода и да додадете една лажица сол за да откако ке го затворите капакот не остане воздух кој може да предизвика проблеми.

Дополнително за прв пат во малопродажба ја пуштаме нашата Сецкана Золива Маслинка која до сега најчесто можевте да ја вкусите во лебот со маслинки на многу пекари како и во многу пици со маслинки. Сега за прв пат истата можете да ја купите во локалните маркети по многу привлечна цена. Уникатниот рецепт кој му дава посебен вкус на лебот ке морате сами да го пробате.