Золива Лтд.

Вие сте тука: Почетна » Вести
Петок, 14 Дек 2018

Нов погон за преработка на Маслинки

Е-пошта

Чест ни е да ви соопштиме дека на нашиот петти роденден, на 14 Октомври официјално го отворивме новиот погон за откуп и преработка на Македонски маслинки во Скопје кој ги задоволува сите стандарди за откуп и преработка на маслинки и е со капацитет од 1000 тони маслинка годишно.

Овој нов погон ни овозможи да го зголемиме обемот на откуп и преработка на Золива маслинките како и да одговориме на новата побарувачка на сецкана и сушена маслинка како и на полнетите маслинки.

Во овој погон има посебна линија за сушење на маслинки кои што почнуваат многу да се бараат на домашниот и странскиот пазар а кои најчесто се користат како зачини во многу јадења.

Истотака го зголемивме производството на сецкана маслинка којашто полека станува незаменлив дел во сите бели пецива, пици и салати во Македонија.

Не ги заборавивме и стандардните Кралски, Блонд и Каламата маслинки. Сите тие добија линија за попрецизно сортирање, пакување и ферментирање како и линија со поголем капацитет.

Погледнете ја галеријата од нашиот нов погон...

Прва Маслинкара на Золива

Е-пошта

Од 01.10.2012 почна со работа првиот специјализиран маркет за маслинки на Золива Лтд.

За прва локација го избравме Зелениот Пазар во центарот на Скопје. Специлизираниот маркет се наоѓа во пролазот во Гратски Ѕид од собрание кон зелено пазарче.

Во Маслинкарата можете да ги најдете нашите познати Кралски, Блонд и Каламата маслинки како и многу специјалитети како Сецкана Каламата Маслинка за пици, Сушена Маслинка за погачи. Истотака можете да ги најдете и нашите нови 500 гр. пакувања на сите производи кои имаат подолг рок на траење и секогаш ке бидат свежи. Сите производи ги нудиме по специјални цени и секогаш имаме многу акции, дегустации како и експериментални вкусови на маслинка кои ке ве зачудат но ветуваме дека ке ви се допаднат.

Золива ја рециклира својата амбалажа

Е-пошта

Золива стана членка и на Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ПАКОМАК. Со ова ги исполнуваме нашите законски обврски за рециклирање на нашиот отпад и придонесуваме за почиста околина за нашите поколенија.

Станувајки членка на ова друштво целиот отпад кој што се создава со нашето работење како и целиот отпад кој што го создавате вие фрлајки ја нашата амбалажа се рециклира и потворно се користи.

Овој знак можете да го најдете на нашата етикета и со купување на нашите производи вие допринесувате до заштита на животната средина.

Страница 1 од 4