Золива Лтд.

Вие сте тука: Почетна » Производи » Дојранска Кралска Маслинка
Петок, 16 Ное 2018

Дојранска Кралска Маслинка

Е-пошта

Dojranski Kralski Maslinki Дојранската Кралска Маслинка е природно ферментирана, црна, солена маслинка којашто со својот специфичен вкус е дефинитивно најбараната маслинка во Македонија.

Нејзиниот специфичен вкус е резултат на старите Дојрански рецепти за производство на маслинки споени со модерната технологија за квалитет и стандардизација и експертизата на нашите врвни технолози коишто го усовршија и константно го контролираат вкусот на Дојранската Кралска Маслинка.

Кралската Маслинка откако грижливо ке се набере и сортира по вид и големина ферментира природно во специјални садови со големина од 150 па се до 5000 килограми во период од 6-9 месеци во зависност од надворешните услови. За време на ферментацијата истата секојдневно се контролира и нејзиниот вкус се прилагодува за да на крај го добиеме специфичниот вкус на Дојранската Кралска Маслинка.

 

Дојранската Кралска Маслинка е карактеристична по својата изразито црвена боја и  округла форма со мала семка.


Десет Дојрански Кралски Маслинки со средна големина во просек содржат:

- 25,6 грама Вода, 49 Калории, 0,35 грама Протеини, 1,31грам Јаглехидрати, Холестерол 0

- Калциум, Бакар, Железо, Магнезиум, Фосфор, Потасиум, Селениум, Содиум, Цинк

- Витамин А, Витамин Б-6, Витамин Е, Витамин К

Маслинката исто така содржи и многу елементи кои го зголемуваат имунитетот. Според многу истражувања маслинката помага при борбата со ракот.

Фенолот кој може да се најде во маслинката беше понуден како еден од првите лекови против Свинскиот Грип.

Дојранската Кралска Маслинка можете да ја најдете во нашите магацини како и во магацините на нашите партнери во вакум пакување од 750грама и 2килограми како и во следниве рефус пакувања: